74
На 17.03.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го пронајдоа деветгодишното момче за кое на 16.03.2024 околу 23.30 часот неговиот татко Ч.С.( 46) од Куманово пријави дека се оддалечило од неговиот дом.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаа мерки и активности за пронаоѓање на детето и во 03 часот тоа е пронајдено и предадено на родителот.