По неколку часовна потрага, во водите на Вардар е пронајдено безживотното тело на 20-годишна девојка од Гостивар. Девојката синоќа пред полноќ беше пријавена дека била понесена од водите на Вардар.
Според првичните информации на портпаролот СВР Тетово, Марјан Јосифоски, телото го забележале локални жители на песочен остров во близина на детско игралиште утрово околу 3 часот. Набрзо потоа случајот го пријавиле во полиција.
Медицинска екипа, која дојде на местото на настанот, констатира дека девојката не дава знаци на живот.
Очевидци кои пријавиле во полиција потврдиле дека и еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен во водите на реката. Се претпоставува дека станува збор за 45- годишен гостиварец, по кој сè уште се трага.