575
Во областа Бистрица-Насауд во Романија е пронајдено беспилотно летало, а романското обвинителство соопшти дека е покрената кривична постапка и дека не се знае од каде полетало.
– Потеклото на леталото се уште не е утврдено, а неговиот сопственик не е идентификуван. Во тек е истрага за да се утврдат околностите под кои полетало и да се идентификува кој го управувал, изјавија обвинители од областа Клуж.
Од полицијата на областа Бистрица-Насауд изјавиле дека леталото го пронашол млад човек во нива во близина на неговата куќа.