927
Момчето на возраст од девет години, кое вчера неговиот татко од Јаргулица, Радовиш, го пријавил за исчезнато, е пронајдено во добра состојба.
Полициски службеници од Полициска станица Радовиш го пронашле денес околу 10.30 часот во атарот на селото Покрајчево, но освен тоа дека детето е во добра здравствена состојба, нема други официјални информации.
Инаку, Љ.И. (41), татко на момчето, вчера во 22 часот пријавил во полиција дека тоа се оддалечило од домот. По него трагаа доброволци, како и полициски службеници и екипа од Територијалната противпожарна единица.
В.К.