Пронајдени телата на 1.500 милитанти на Хамас – се зголемува бројот на жртви

by Fokus

Израелската армија денеска соопшти дека во Израел и во Појасот Газа се пронајдени тела на 1.500 милитанти на Хамас, јавува Би-Би-Си.

Портпаролот на армијата Ричард Хехт изјави дека евакуацијата на сите израелски заедници во близина на Појасот Газа е речиси завршена.

Палестинското милитантно движење Хамас изврши масовен ракетен напад во саботата наутро, по што следеше упад во Израел, на што израелската армија жестоко одговори.

Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без детали.

Тој навести дека Палестинците можат да одат во Египет преку граничниот премин Рафах, но не објасни каде ќе одат и како, бидејќи преминот повремено е затворен, пренесе АП.

Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување, струја, ниту испорака на храна и гориво за таа мала енклава во која живеат 2,3 милиони жители.

Да потсетиме – од Хамас дадоа вознемирувачка изјава дека за секој напад на Израел ќе биде убиен по еден заложник.

Поврзани новости