862
Фудбалерот Жерар Пике пред седум години купил земјиште на Коста дел Сол за да изгради луксузен хотел, за што платил околу 20 милиони долари.
Сепак, проектот е закочен бидејќи на имотот на Пике се пронајдени 250 гробници, па ќе треба да се направат истражувања за да се утврди од кој век се тие.
-Ископавме околу 250 гробници, од кои повеќето се празни – изјавил археологот Алберто Кумпиан.
Тој додал дека можно е гробовите никогаш да не биле користени и да не се доволно вредни за да бидат зачувани.
-Тоа е едно од најголемите гробишта во земјата – додал Кумпиан, пишува Марка.