509
Во дворот на семјената куќа на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во село Зајас пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.
Според кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу, се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар.
Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера, а на местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид.