698
Двајцата средовечни гевгеличани, Кире Арнаудов и Владо Дагалев, вечерва околу 22 часот беа пронајдени од страна на ангажираните екипи од МВР, Шумската полиција, локални ловџии, планинари и членови од семејствата, откако беа алармирани дека се загубиле кај месноста „Круша“, на планината Кожуф.
Потрагата почна откако попладнево, околу 15 часот, стигна аларм од двајцата гевгеличани дека го загубиле патот во близина на „Круша“ и дека не знаат каде се наоѓаат.
Веднаш биле мобилизирани сите екипи кои тргнале да ги бараат по лошите временски услови (дожд и магла), кои го отежнувале барањето, но потрагата сепак имаше среќен крај и тие се веќе вратени живи и здрави кај своите најблиски во Гевгелија.