126
На 28.08.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица.
Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба.
При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство.