Пронајдени 100.000 франци кај возач на автобус од Гостивар

by fokus

При контрола на автобус пријавен за излез на граничниот премин „Деве Баир“, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи кај возачот пронашле 100.000 швајцарски франци.

-На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Девизните средства се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд Во Крива Паланка, велат од Царина.

Поврзани новости