1
Жител на кочанското село Тркање пронашол неексплодирана експлозивна направа додека работел на нива.
„На 03.11.2024 во 13.26 часот во СВР Штип, З.С.(66) од с.Тркање, кочанско, пријавил дека на место викано „Коњско“ во селото, додека извршувал земјоделски работи, пронашол неексплодирана експлозивна направа – топовска граната калибар 75 мм.
Полициски службеници од Полициската станица Кочани извршиле увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка“ соопшти МВР.