769
При претрес на приколка во автокампот „Градиште“ во Охрид, во сопственост на 26 годишен скопјанец, полицијата пронашла марихуана, а сопственикот го привела.
Како што соопшти МВР вчера во акција на полицијата која се одвивала околу полноќ, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во автокамп „Градиште“, во приколка, сопственост на Б.И.(26) од Скопје.
-При претресот била пронајдена и одземена марихуана. За време на претресот, во објектот биле уште четири лица од Скопје. Б.И. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.