606
Струмичанката Жулиета Максудова (39) по која вчера се трагаше, откако нејзиното семејство ја пријави за исчезната, пронајдена е, и се наоѓа дома.
Веста ни ја потврди и нејзиниот роден брат, кој вчера исчезнувањето на Жулиета го пријавил во полиција, откако таа претходниот ден подигнала од банка сума од 6.000 денари и заминала во непознат правец.
Апелирајќи до јавноста за било какви информации, тој вчера ни изјави дека сестра му има здравствени проблеми, и како претпоставувал дека е замината во некоја клиника во Скопје, со цел да се лекува.
,,Жулиета е дома, во добра состојба е, се е во ред. Им благодариме на сите за помошта’’ – ни изјави братот на Максудова.
Тој не сакаше да открива повеќе детали околу настанот.
Вики Клинчарова