Пронајдена е почината жена во викенд куќа во Светиниколско

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

 

Поврзани новости