Во тек на вчерашниот ден во полициска станица во Скопје било пријавено исчезнување на млада мајка, Венера Ѓорѓиевска, од страна на нејзиниот сопруг Александар.
И на социјалните мрежи тој ја објави фотографијата од сопругата со апел дека се трага по неа.
Според неговите зборови, таа ги оставила двете деца во градинка во Драчево, и не се вратила дома.
Денес, жената е пронајдена и моментално е во полициска станица каде се врши службен разговор со неа, а информацијата ја потврдија од МВР.
Сопругот на Венера пак, во разговор за „Фокус“ вели дека жената е пронајдена, и имала повреди по телото.
– И во минатото се случи да исчезне од дома, но тоа беше на кратко, беше пронајдена по неколку часа. Ова сега сите не загрижи, бидејќи ја немаше од вчера, вели тој.
Замолувам да се информира јавноста дека Венера е пронајдена и моментално е во полициска станица, други детали немам, изјави тој.
Вики Клинчарова