Пронајдена е 14 – годишната Клара која вчера исчезна во скопската населба Илинден, откако апелот за исчезнувањето на Клара беше молскавично споделен на социјалните мрежи.
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот.
Полицајците и блиските роднини и пријатели на Клара од претпладнево ги пребарувале локациите кај Градски парк и кај Железничка станица, а кај Железничката станица (Транспортен центар) е најдена девојката во добра и стабилна здравствена состојба.