Во синоќешната контрола на угостителски објекти во Скопје, полицијата извршила преглед на повеќе од дваесетина лица, а кај осум од нив била пронајдена дрога.
Од МВР информираат дека вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл.215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачјето на град Скопје извршиле контрола во угостителски објекти и бил извршен преглед над дваесетина лица.
-По извршениот преглед од слобода биле лишени: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар како и еден малолетник од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја, информира полицијата.
По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
-Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР.