По претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, ноќеска во периодот од 23.30 до 01.30 часот е спроведена е акциска контрола во хала изнајмена за организација на музички настан лоциран во индустрискиот дел на Битола.
Како што информира МВР, при контролата во објектот се затекнати се пет малолетници под дејство на алкохол, а И. П. (18) од Прилеп е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик затоа што кај него пронајдени се марихуана и екстази.
– Од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави, се додава во соопштението.