Пронајден влез во подземниот свет од Маите

by Fokus

Тим археолози од полскиот Универзитет Јагиелонијан соопшти дека можеби пронашле „влез во подземниот свет“ од Маите, заедно со наоди за принесување човечки жртви. Наоѓалиштето е откриено на местото каде што се одиграла последната битка меѓу древните Маи и Шпанците во езерото Петен Ица во Гватемала.

Предводничката на тимот, Магдалена Крземиен тврди дека водата имала посебно симболично значење во митологијата на Маите.

– Тие верувале дека тоа е врата кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде што живеат нивните богови, рече таа.

Еден од артефактите, односно предметите кои Маите ги спуштале во езерото како дар за боговите, е посебен нож што најверојатно се користел за убивање на луѓето.

Пронајдени се и керамички предмети, како и делови од камени скулптури, што најверојатно укажува на конечното уништување на цивилизацијата на Маите, нагласуваат научниците.

Поврзани новости