668
Синоќа во 22 часот, во близина на село Дуброво кај градската депонија Неготино, било пронајдено безживотно тело на млад маж.
Според СВР Велес, неговата возраст се проценува на околу 25 до 30 години, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Починатото лице било пронајдено од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово.
Како што дознава ,,Фокус” од свои извори, станува збор за мигрант, кој најверојатно бил каснат од отровна змија. Тој со себе имал мобилен телефон и побарал помош од хуманитарна организација, оставајќи ја точната локација.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Вики Клинчарова