45
МВР информира дека синоќа во ОВР Прилеп било пријавено дека во 20.15 часот на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.