535
Вчера претпладне во Скопје бил пронајден починат 40-годишен маж во неговиот дом. Лекар констатирал дека немало траги на насилство.
„На 03.12.2019 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на ул.„Ловќенска“ во Скопје, бил пронајден починат Б.С.(40). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.