Пронајден починат 32-годишник од Свети Николе

by Fokus

МВР информира дека вчера претпладне во 09.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во куќа во Свети Николе бил пронајден починат Д.В.(32) од Свети Николе.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на семејството.

По преземени мерки во координација со јавен обвинител, било утврдено дека тој со А.П. неовластено се вселил во куќата, чии сопственици биле од Скопје и Пробиштип, и дека претходно со А.Ј.(34) користеле дрога.

Во врска со настанот од слобода бил лишен А.Ј., а А.П. била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости