351
На 26.08.2023 околу 13,30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с. Мокриево, Струмичко во семејниот дом бил пронајден починат М.С.(27).
Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.