510
Еден од најозлогласените команданти на рускиот претседател Владимир Путин, потполковникот Димитри Лисицки, бил убиен од куршум, се вели во медиумските извештаи.
Постојат различни приказни за неговата смрт. Украинците велат дека бил „ликвидиран“ како одмазда за колењето на стотици нивни војници при повлекувањето од т.н. „Иловајско котла“ во 2014 година.
Неговата смрт прв ја пријави украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој тврди дека силите на Киев „повторно го одмаздиле Иловајско со ликвидирање на Димитриј Лисицки“, пишува „Дејли Мејл“.
Неговиот полк претрпе „тешки загуби“ додека Русија се повлекуваше од Харков минатата година, а „ликвидацијата на Лисицки сериозно ќе ја ослабне борбената готовност на полкот“, тврди Бутусов.