Пронајден мртов македонскиот пејач Влатко Илиевски

by fokus

Популарниот македонски пејач и актер, Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршил јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а телото е дадено на обдукција.

Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски.

 

Поврзани новости