Пронајден мртов балканец во шума во Геманија

by lali

Хрватот Кристијан Б. (27) бил најден мртов во шума во германската сојузна покраина Баварија. Според тамошните медиуми, Хрватот бил пронајден од собирач на печурки минатата недела околу 7.30 часот наутро.

Собирачот на печурки кој го нашол мртвото тело веднаш повикал полиција, па тоа било однесено на обдукција.

На телото биле забележливи убоди од нож, а полицијата се сомнева дека мажот бил убиен, па потоа неговото тело било однесено и оставено во шумата, пренесува истиот извор.

Полицијата привела брачен пар од Лауфа ан дер Пегниц, кои се осомничени за убиство на Хрватот.

Германскиот таблоид Билд пишува дека Кристијан во саботата околу 23.30 часот се збогувал од својата мајка и потоа никогаш ен се вратил дома.

Билд шпекулира и дека момчето било убиено затоа што тој бил „вљубен во погрешна жена“.

Полицијата привела брачен пар од Лауфа ан дер Пегниц, кои се осомничени за убиство на Хрватот.

31-годишен маж бил задржан во притвор, додека неговата сопруга се брани од слобода. Убиениот и осомничените за убиството се познавале, а причината за убиството и натаму се истражува, пишува Нордбаерн.де.

 

Поврзани новости