Васе Бојковски од Драчево, по кого семејството и полицијата трагаше од вчера, пронајден е пред малку и е во добра состојба. Неговиот син Ѕвонко се заблагодари на јавноста која се вклучила во потрагата и за ,,Фокус” вели дека настанот завршил добро.
„По целовечерна потрага и голема загриженост, татко ми е дома. Го донесе момче кое го нашло во Сингелиќ. Не знам како стигнал до таму. Ми кажа дека барал автобус за да се врати дома, се уште ги немаме сите детали околу тоа каде точно бил, но благодарни сме што сега е дома и е во добра состојба. Бевме презагрижени, бидејќи и покрај возраста, тој секогаш си имаше свои рутини, никогаш не се случило вакво нешто во минатото“, изјави Ѕвонко Бојковски.
Минатата недела исто така исчезна повозрасен маж од Драчево, кој по два дена беше пронајден во близина на нива, и како што тогаш изјави семејството, во добра состојба.
Вики Клинчарова