Пронајден e човекот кој отишол да бере чаj и се загубил во планина

by Фокус

Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи денеска имаше успешната акција за пронаоѓање изгубен повозрасен човек (67 години), којшто отишол да бере чај и се изгубил во велешкиот ридест регион.

Информацијата за покренување спасувачка акција, како што информираат од ЦУК, е добиена вчера во 23:19 часот, преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112, каде на подрачјато на општина Чашка во реонот на село Ореше место викано Орешка Чука, А. Н. известил пдека неговиот татко Д. Н., којшто има 67 години, во текот на денот отишол да бере чај при што се загубил и се уште се нема вратено, иако се стемнило.

-Спасувачката екипа на терен со теренското возило излегла вечерта околу 01:15 часот, по полноќ, во потрага по изгубениот. После целовечерна потрага, загубениот повозрасен човен (67 години) е пронајден во раните утрински часови. Според службената информацијата од СВР Велес лицето Д. Н. е пронајден во 6:40 часот и истиот е во добра здравствена состојба без повреди, се вели во соопштението од ЦУК.

Поврзани новости