117
Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува 30-годишна затворска казна, соопшти дека е пронајдено каде се наоѓа тој.
„Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во казнената колонија 3, во населбата Карп, на север од Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Денеска го посети неговиот адвокат. Алексеј се чувствува добро“, рече портпаролката Кира Џармуш на платформата Х.
Пред две недели, соработниците на Навални објавија дека се загрижени, бидејќи долго време не го виделе и не слушнале, а во затворот во Владимирската област, каде Алексеј ја отслужуваше казната, тој повеќе не беше на списокот на затвореници.