540
Веќе трет ден трае потрагата по Стојанка Ѓоргиева (75) од Скопје, жена која боледува од Алцхајмер и е со изгубен слух.
Нејзината ќерка Даниела за ,,Фокус” вели дека денес се пребарува рид во близина на Орланци, и потврдува дека бил пронајден дел од облеката на Стојанка.
-Таа вчера била забележана од сточар, разговарала со него. Го пребаруваме овој дел на ридот денес, но потребна ни е помош. Апелираме до лицата кои имаат дронови да ни помогнат и да се вклучат во потрагата, само така може темелно да биде опфатен теренот каде моментално трагаме – вели таа.
Сите кои сакаат да помогнат во потрагата или пак имаат било каква информација поврзана со исчезнатата жена, можат да се јават на телефонскиот број 071 349 172.
Вики Клинчарова