Пронајден авионот на потпретседателот на Малави целосно уништен, сите се загинати

by Fokus

Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува CBS News, во авионот што се урна била и неговата сопруга, а претседателскиот кабинет преку соопштение потврди дека сите патници загинале во авионската несреќа.

Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на девет други.

Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот. Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.

Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.

Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година.

Поврзани новости