414
Триесет и едногодишен маж бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако претходниот ден бил пријавен за исчезнат.
-На 16.03.2018 година во 10,45 часот во Секторот за внатрешни работи-Скопје, И.П.Н. пријавил дека околу 10,30 часот на улицата „Пушкинова“ во стан го пронашол безживотното тело на В.Т.(31) од с.Пакошево-скопско кој претходниот ден (15.03.) бил пријавен за исчезнат. Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт. На местото на настанот излегле полициски служеници, Јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, велат од МВР.