Можеби е јасно зошто нашата работа предизвикува толку возбуда, затоа што по многу години стагнација и назадување, вратите се отворени и нешто позитивно се случува, што отвора нови можности и реални перспективи за европската иднина, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната одбрана од интерпелацијата во Собрание.
За договорот за добрососедство со Бугарија, Димитров рече дека 98 отсто бил наследен од претходната власт и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие.
-Хипокирзија е ако започнеш и учествуваш во преговарачки процес кој трае со години, си го водел нетранспарентно а обвинуваш дека не е транспарентно потпишувањето. 98 отсто од договорот со Бугарија го наследив, бил преговоран со години. Тие два отсто кои успеавме да ги смениме е апсолутно подобрување на текстот и во делот на зедничката историја. Во однос на грижата за нашето малцинство, мешање во внатрешните работи на друга држава не е политика на Република Македонија и тоа го има во вториот амандман во Уставот и во времената спогодба. Обврските на соседска Бугарија се наоѓаат во меѓународната конвенција што го таргетира ова прашње и е член 14 кој не постоеше во претходниот текст – рече Димитров.
Хипокризија е додаде тој влошување на односите на највисока политичко ниво и придонесување Бугарија да инститира на ваков договор. Хипокризија е, рече, да се повикуваш на добро соседство, а да не работиш на негово подобрување. Да се самодекларираш, рече Димитров, како заштитник на националните интереси, а да не понудиш одржлива иднина на сите граѓани.
По однос на спорот за името со Грција, Димитров рече дека решението ќе биде прашање на широк, нацинален и политички консензус.
-Како што знаете договорот со Бугарија е прв нацрт текст дебатиран пред да биде потпишан. Јасно е дека надминувањето на разликата околу името може да биде постигнато низ транспарентен процес. Јас како министер немам намера да отворам прашања од минато чија цел е конфронтација и заглавеност. Не ни треба натпревар чии споменици се поголеми за да бидеме горда нација. Првокациите се аргумети против нашите национални интереси – одговори Димитров.
Спорот со името, рече, е долгогодишно и комплицирано прашање кое бара сеопфатен приод, но не може да го игнорираме, додаде, слонот во собата.
Според министерот прашањето за бегалците се злоупотребува за ширење на дезинформации, дефокусирање и предизвикување страв кај граѓаните. Никој нема побарано, рече, Македонија да стане дестинација за прием на бегалци.
-На опозиција очајно и треба нов наратив. Не сакате да зборуваме за пустошот, но само лошо правите со стравот од бегалци кои практично ги нема. Во прифатниот центар во Скопје има 23 од кои 18 се деца, избегани од војна. Промовирате грдо лице за Македонија во светот и ми ја правите работата потешка – порача тој.
За сто дена во Владата тој рече дека остварил средби со 37 министри за надворешни работи, дал над 30 интервју, и се сретнал со над стотина надворешни претставници. Во меѓународните односи рече дека за брзо време била надмината напнатоста во Србија и дека односите се вратени во нормален колосек.