Промовирана новата „Единица за интервентна полиција“ во Скопје, наследничка на „Алфите“

by Fokus

Во полицискиот центар Ѓорче Петров беше промовирана новата Единица за интервентна полиција формирана од досегашните Единици за јавен ред и мир, Алфите и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт…

Поранешните полицајци во цивилка, од денеска во униформа. На територијата на Град Скопје почнува со работа новата Единица за интервентна полиција. Ќе презема дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и асистенции за спроведување извршни одлуки. Се работи за реформираните алфи, единицата за јавен ред и мир и единицата за асистенција и спровод. Министерот Оливер Спасовски очекува зголемување на безбедноста во главниот град и во зависност од резултатите најави дека ќе се размислува за формирање на ваква единица и во другите градови.

Оваа единица е формирана врз основа на хрватскиот модел. Во рамки на СВР Скопје ќе има вкупно 7 единици. Спасовски не открива колкава е вкупната бројка на полицајци бидејќи се работи за класифицирана информација.

Со оваа единица ќе раководи Примислав Димовски, досегашниот командант на Алфите а неговото име се појави и како истражител во СЈО.

Од МВР велат дека раководителот на единицата е избран на интерен оглас. Од таму велат велат дека била спроведена транспарентна постапка согласно пропишана процедура и дека ги исполнувал пропишаните услови.

Поврзани новости