Денеска во просториите на Стопанската комора на Македонија, беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ на македонскиот книжевник Венко Андоновски.
На промоцијата присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, многу академици, видни личности од културата и стопанството во Македонија.
Во текот на настанот, одеше и филм за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за неговиот лик и дели и хуманоста што овој бизнисмен ја има направено во текот на животот.
Израснал во сиромашно семејство, а кога бил матурант нема пари да си купи матурско одело. Се нашле химани луѓе, кои му купиле облека на Чифлиганец.
Како што порача тој на промоцијата, таквите работи никогаш нема да ги заборави и постојано ќе помага на тие што немаат.