482
Промоцијата на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“.
Промотор на книгата ќе биде Фросина Пармаковска.
Симеон Јанков е роден 1981 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата „Македонски и јужнословенски книжевности“. Автор е и на романот „Црна шума“.
Романот „Најосаменото место“ е 205 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.