Талин (Естонија), 05.06.2018–Седум македонски производители и извозници на виноземаа учество во промотивната турнеја на вина од Југоисточна Европа, која од 3-ти до 9-ти јуни се одржува во главните градови на балтичките држави – Естонија, Литванија и Латвија.
Во рамки на оваа промотивна турнеја учествуваат вкупно 40 винарници кои ќе претстават над 240 квалитетни вина кои потекнуваат од најпознатите вински региони од Македонија, Ерменија, Грузија и Молдавија.
На промотивните настани кои се одржуваат во главните градови на балтичките држави – Талин, Вилнус и Рига поканети се голем број вински ентузијасти, експерти, увозници и претставници на туристичките, угостителските и трговските сектори, како и дипломати и познати личности од јавниот живот во овие земји. За нив се организирани дегустации, едукативни семинари и мастеркласови преку кои заинтересираните посетители се запознаваат со стиловите, уникатните карактеристки и квалитетите на вината од регионите во Југоистоична Европа,во чии рамкисе претставени и десетици врвни македонски вина кои својот квалитет веќе го имаат потврдено на бројни меѓународни вински натпревари. Посебен акцент е ставен на карактеристиките на автентичните македонски вина од сортата вранец кои на овие настани ги претставува Дарел Џозеф, познат вински критичар и член на стручни жирија на најголемите светски вински натпревари.
Дополнително, во рамки на оваа турнеа, синоќа (04. мај 2018) во главниот град на Естонија, Талин беше организиран и специјален настан на кој ексклузивно беа промовирани седум квалитетни вина на македонските винарници: Тиквеш, Стоби, Камник, Бовин, Имако, Попова кула и Мовино. На настанот на кој седумте вина беа комбинирани со македонски гастрономски специјалитети, но и јадења карактеристични за земјите од Балтикот, беа присутни голем број гости од сите општествени сегменти во Естонија, што беше одлична можност за промоција на потенцијалите на македонската винска индустрија што е еден од клучните предуслови за зголемување на извозот на македонско вино на пазарите на балтичките држави.