Промоција на регионалниот изборен штаб на НСДП во ИЕ 3 и кандидатот за пратеник и претседател на партијата, Горан Мисовски

by Fokus

Денес во Шопинг центарот во Кочани НСДП отвори регионален изборен штаб за изборната единица 3 и го промовираше кандидатот за пратеник, претседателот на НСДП, Горан Мисовски.

На отворањето присуствуваа претседателот на НСДП Горан Мисовски, носителката на листата на кандидати за пратеници на Коалоцијата за европска иднина, Сања Лукаревска, шефот на Централниот изборен штаб на НСДП, Мики Милковски, потпретседателот на НСДП, Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов, шефот на регионалниот изборен штаб Оливер Досевски, кандидатките за пратенички од Кочани и Виница, поранешните пратеници Миле Андонов и Влатко Серафимов и шефовите на општинските изборни штабови на НСДП во ИЕ.3 други гости.

На присутните им се обратија шефот на ЦИШ Мики Милковски, кандидатот за пратеник Горан Мисовски, носителката на листата во ИЕ.3 Сања Лукаревска, кандидатката за пратеничка од Кочани Душанка Ѓоргиева и шефот на РИШ за ИЕ.3 Оливер Досевски.

Претседателот Мисовски поздравувајќи ги присутните посака успешна кампања на кандидатите за пратеници. Истакна дека оваа политичка гарнитура донесе слобода и демократија, ја стабилизираше државата, донесе одлуки за помирување со соседите, ја зачлени државата во НАТО.

Донесовме голем број на социјални реформи, реформи во системот на плати, минималната плата порасна од 8500 на 22500 денари, просечната од 22500 порасна на 40.000 денари.

Оваа влада успешно се справи со ковид кризата, со економската и енергетската криза.

За разлика од нас од другата страна во главната политичка опозиција го имаме ВМРО-ДПМНЕ кои не се откажуваат од трите П: пендрек, пари и пропаганда. Шират лажни вести и лажен патриотизам. Тоа е истата матрица на делување, партија која ги нахушка граѓаните и криминални банди на крвавиот четврток да ги нападнат пратениците.

Симболично покажа камен на кој пишива ВМРО со кој демонстрантите и насилниците на 27 април ги гаѓале пратениците, кој паднал до него.

Ако сакаме државата да се развива во вистинска насока, кон подобар животен стандард и европска иднина треба да гласаме за бројот 1, првично за нашиот претседател Стево на 24 април, преку масовна мобилизација и на 8 мај да ја завршиме кампањата со двојна победа на Стево и Коалицијата за европска иднина.

🔵СИЛНО❗️⚫️ОДГОВОРНО❗️🟡ЧЕСНО❗️
🇲🇰🇪🇺За пристоен живот и европска иднина.

Поврзани новости