0
Стопанската комора на Северна Македонија најави нов бизнис подкаст на Бранко Азески и двете значајни бизнис публикации: „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“, дела на Азески и проф. д-р Дарко Лазаров.
На промоцијата ќе се обрати Иво Јанкоски, сопственик на продукцијата „Трето уво“, како промотор на подкастот, а за публикациите ќе зборува проф. д-р Дарко Лазаров, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
На промоцијата ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
Промоцијата ќе се одржи утре во хотел „Unique“ во Охрид од 15:00 часот.