Официјална промоција на активностите на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” во рамки на проектот „МКД НАТО 2030″ во функција на македонската економија”
ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска, во име на претседателот на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” Бранко Азески ќе говори потпретседателот на Стопанската комора на РСМ Зоран Јовановски и проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на Комитетот „МКД НАТО 2030″.
Преку Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” ќе се делува во насока на информирање и помагање на
македонските компании заинтересирани за соработка со НАТО. Членството на Северна Македонија во НATO Алијансата носи низа дополнителни придобивки и можности за македонската економија со што компаниите добиваат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите членки.
Во наредниот период Министерството за одбрана преку овој Поткомитет заедно со коморите во земјата и Центарот за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата ќе понуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја компанија која ќе пројави интерес. Меѓу другото, ќе се промовира и детално ќе се запознаат со постапката за упис во евиденцијата на економски оператори, кои може да се
регистрираат за учество на јавни набавки на НАТО и земјите членки, наведуваат од Стопанската комора на РСМ.