Оваа есен ПроКредит Банка го започнува месецот на штедење многу порано и со уште поатрактивна понуда со којашто каматата се исплаќа однапред, на денот на орочување!
ПроКредит Банка повторно ја зацврстува својата посветеност кон поттикнување на културата на штедење со својата нова и уникатна понуда, што е одлична можност за оние кои сакаат да ги искористат своите финансии веднаш.
Промотивниот Авансендепозит е идеален за оние кои бараат финансиска флексибилност, но и стабилност на своите заштеди. Со промотивна каматна стапка од 3,8% за депозити во денари, 2,7% за депозити во евра и рок на доспевање од само 13 месеци, овој производ на ПроКредит Банка им дава на клиентите можност за користење на сите поволности за штедење без да ги врзуваат своите средства на долг рок.
Една од клучните карактеристики на авансниот депозит е слободата што ја нуди – клиентите можат веднаш да одлучат како да јаи скористат својата камата: да ја подигнат од својата сметка, да ја користат сосвојата картичка или повторно да ја вложат на штедна сметка и да добијат дополнителна камата.
Про КредитБанка, со своето 20-годишно искуство и германски капитал, продолжува да им нуди на своите клиенти иновативни и атрактивни депозитни продукти со стимулативни каматни стапки. Дополнителен бенефит е достапноста на советниците за клиенти, кои се тука за пресметки и дополнителни информации, физички и преку дигиталните канали на банката.
Повеќе информации заавансниот депозит се достапни на веб-страницата на ПроКредит Банка.