Времето денеска се очекува да биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје и во околината претпладне со повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Следува период на променливо облачно време повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник.
Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.