Времето денеска ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на некои места ќе засилува, информираат од УХМР.
Утринската температура ќе биде од минус 2 до 4 степени, а во текот на денот од 10 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Наутро температурата ќе биде 1 степен, а во текот на денот ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.
За утре се најавува дека ќе има променливо облачно време, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Само на највисоките планински врвови врнежите ќе бидат од снег.