Променливо облачно време, со сончеви периоди во текот на денот

by Fokus

Времето денеска студено понекаде со услови за слаба магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено во источниот дел. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Поврзани новости