Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во текот на денот ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе биде од 2 до 10 степени, а во текот на денот од 8 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Температурата ќе биде 5 степени наутро, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
За утре од УХМР прогнозираат дека времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Врнежите од дожд, на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.