Променливо облачно време со температури од -2 до +15 степени Целзиусови

by Fokus

Времето претпладне во западните и источните делови ќе биде со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините. Дневната температура ќе биде во пораст.

Поврзани новости