Променливо облачно време со појава на магла по котлините. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје и во околината променливо облачно и наутро магливо, преку денот со услови за краткотраен дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота претпладне. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота кон крајот на денот, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта во недела.