Променливо облачно време со локален дожд

by Фокус

Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат 0 до 6, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 19 степени.

Поврзани новости