221
Времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер, а попладне нестабилно, локално во форма на невреме на повеќе места во земјата, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Минималните температури денеска ќе бидат од 12 до 20 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 23 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Времето во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за невреме. Температурите ќе бидат од 18 до 33 степени.
Прогнозата за утре покажува променливо облачно и посвежо време, со услови за локално невреме на повеќе места.